Кумановските радиодифузери лани емитувале скоро 50.000 часа програма
On:
Сподели со своите пријатели
Радиодифузерите кои зрачат на локално ниво во Куманово во текот на изминатата година емитувале вкупно 49.403 часа програма, од кои 26.280 часа телевизиска и 23.123 часа радио програма.
Трите телевизии кои зрачат на локално ниво во Куманово во текот на изминатата година емитувале вкупно 26.280 часа телевизиска програма, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.Станува збор за телевизиите „Плус“, „Феста“ и „Хана“
Од локалните телевизии, најголем дел од програмата била емитувана на албански, а најмалку на македонски јазик. Вкупно 2.450 часа биле емитувани на српски јазик. Притоа во овој дел од статистичките податоци не се пресметувани часовите музичка програма, затоа што како што потенцираат од Државиот завод за статистика, тие не се делат според јазикот.
Регионалната „К3“ телевизија која исто така има седиште во Куманово емитувала програма само на македонски (6.240 часа) и на албански (260 часа).
Трите радија кои се емитуваат во Куманово, „Бум“, „Браво“ и „Јехона“. Најголем дел од нивната програма бил на македонски (10.068 часа) и на албански јазик (6.205 часа).