Во петок посебен сообраќаен режим на „Доне Божинов“

Сподели со своите пријатели

Поради настанат дефект на кабел за напојување на семафори на крак кој поминува под улицата „Доне Божинов“ во должина од 9,5 метри на семафоризирана крстосница помеѓу „Доне Божинов“ и „Октомвриска Револуција“ ќе извршиме санирање на дефектот со прекоп и инсталирање на нов кабел, информираат од Општина Куманово.

Оваа постапка ќе биде извршена во текот на ден петок 01.06.2018 година, во две фази, при што сообраќајот нема да биде прекинат, но ќе биде со намален степен на проодност.

Постапката ќе започне во 08:00 часот, а се планира да биде завршена до 17:30 часот.

Leave a Reply