Мики прекршочно ќе одговара за вандализирањето на споменикот на Тито

Сподели со своите пријатели

Шеесетгодишниот Мики Заовски од Куманово сам се пријавил во кумановската полиција и информирал дека тој ги испишал графитите на спомен плочата на Јосип Броз Тито поставена на градскиот плоштад, соопшти денеска, СВР Куманово.

Во соопштението на полицијата се наведува дека лицето се пријавило самоиницијативно, вчера, во 12 часот во полициската станица во Куманово.

 

 

По целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка по член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Заовски вчера преку медиумите сакаше да им објасни на граѓаните зошто исцрта кукаст крст на споменикот на Тито, а потоа замина во полиција. За кратко време самиот не информираше дека разговорт во СВР Куманово траел петнаесетина минути.

„Тоа беше израз на мојата душевна болка“ – вели човекот кој исцрта кукаст крст на споменикот на Тито (ФОТО)

Leave a Reply