Во ЈП „Пазаришта“ само на репрезентација потрошени над еден милион денари

Сподели со своите пријатели

Над еден милион денари Јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово потрошило на репрезентација во текот на минатата година, покажа годишниот извештај кој денеска беше претставен на седницата на Советот на Општина Куманово, а милионска е и загубата со која што работело претпријатието.

Советничките од опозицијата Анета Шандева Доневска и Невена Величковска беа упорни со прашањата да добијат одговори зошто и каде биле потрошени толкави пари за репрезентација, но сепак не добија.

– Зголемување на трошоци за репрезентација се должи на чести состаноци и средби поврзани со документи за аплицирање наа проектот за меѓугранична соработка преку договорот кој претходно го потпишаа  на Општина Куманово и Гњилане за реконстуркција на пазарт, кровот, плочите и тоалетите за закупци. Дали од оваа зголемување на трошоци наведено во писменото објаснување е започнато нешто, праша советничката Шандева Доневска.

Директорот Илир Саити рече дека одговори на прашањата ќе добијат по писмен пат.

– Подетално за се што се однесува на репзентацијата ќе бидете запознаени писмено, а што се однесува на проектот на меѓуграничната соработка е отворена и се очекува во текот на овие две недели да се избира компанијата која ќе го добие тендерот, која треба да го реконстурира зелениот пазар и во рамките на 10 дена ќе започнат работите врз основа на добиениот проект, рече Саити.

Претпријатието бележи рекордна загуба од 4,8 милиони денари. На приходната страна во текот на 2017 година имаат остварено26,2 милиони денари, а биле потрошени над 31 милион. Надзорниот одбор кој го назначи Советот на Општина Куманово на седница одржана на 27. февруари посочува дека загубата ќе остане непокриена, вели советникот од ГРОМ, Зоран Петрушевски.

На седницата била донесена одлука со мерки за отстранување на причините за загуби.

– Во овие мерки има три ставки едната се вика мерки за подобрување на ликвидноста, посебно се интересни мерките за подобрување на работењето и тука има неколку ставки кои се интересни за тоа што овие луѓе замислиле. Тие замислиле заострување на лична и колективна одговорност кај секој работник без исклучок, следното нешто што е фрапантно за слабо извршување на рабнотните задачи кои секој поединец без исклучок треба да постапи по одредбите на законот и актот на претпријатието, е од сега ќе го почитуваме законот, појасно кажување дека самите овие луѓе кажуваат дека не работеле убаво и ние сме им дозволиле да функционираат таму да ги решаваат услугите на нас граѓаните, рече советникот Петрушевски.

За отстранување на причините за загуби, надзорниот одбор одлучил одговорна да биде една вработена во ЈП „Пазаришта“ и сметководството, вели советникот Зоран Петрушевски, кој читајќи го извештајот истакна дека ќе се вршела контрола на вработените кои одат на боледување.

– Тие тврдат дека од сега натаму ќе го елиминираат расипништво на сите нивоа, не измислувам, читам. Почитувани советници и институции во нашата земја, па има и Јавно бвинителство, да погледаат како овие луѓе сами за себе велат дека работеле со расипништво и сега ќе го елиминирале, како тоа не знам, но факт е дека за себе велат дека расипнички работеле. Имаат нов сет мерки – контрола на трошоци, штедење и економска анализа па велат дека тука ќе преземат контрола на материјалните трошоци, горова, дневници и плати, ќе контролираат од сега, па што работеле до сега? Понатаму велат трошоци за плати да се мерат со нормативи со што би се остварила ефикасност на работење и распределба на плати, пресметка на плати според реализирани приходи, а не според замислени можности кои не се остварливи, рече Петрушевски.

Советникот од ГРОМ ги повика Секторот за ревизија при Општина Куманово и градоначалникот да направат детална контрола на работењето на оваа јавно претпријатие за да не се зголемуваат загубите.

Директорот Саити кратко одговори дека и како кај останатите јавни претпријатија и кај ЈП „Пазаришта“ службите редовно вршат ревизија.

– Никогаш не е споменато дека досега не се преземени иницијативи за подобрување на работата во јавното претпријатие, има многу точки кои се спомнати дека треба да се преземат за подобрување на работата, дали се работи законски има надлежни институции, кога ги гледате овие работи за ваша информација како и на другите јавни претпријатија и нашето има и се врши ревизија од страна на надлежните органи, рече Саити.

Додека траеше расправата на Петрушевски и Саити, советниците од власта правеа селфи, на што и самиот советник од ГРОМ имаше своја реакција.

фото: архива

Leave a Reply