Верниците веруваат дека присуствувале на чудо кога на миса во католичка црква статуата на Дева Марија започнала да плаче. И не само што плачела, туку нејзините солзи мирисале на рози.
Оваа чудо, како што го нарекле, први го забележале верници кои во недела биле на миса во црквата Госпа Гваделупе во Ново Мексико.
Пасторот на црквата рекол дека вниманието му го свртел некој верник, а потоа видел луѓе како ги бришат солзите на статуата на Девица Марија, но дека таа и натаму продолжувала да плаче, пишува Дејли Мејл.
– Тогаш видов дека таа навистина плаче. Мислам дека ова е потсетник да бидеме поблиску до Бога и престанеме да бидеме насилни, рекол пастор отец Хоце Пепе Сегура.