Ракометарите на Куманово поразени од РК Младост

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово бележат пораз во рамките на 25. коло од Првата машка ракометна лига, откако викендов на домашен терен беа поразени од составот на Младост со резултат 32:37.

Гостите подобр го започнаа натпреварот и одиграа квалитетно прво полувреме во кое резултатски се одлепија од домаќините. На пауза се замина со резултат 11:18, со што веќе беше јасно дека нема да биде лесно кумановци да ја бркаат негативата во вториот дел од средбата.

Иако се трудеа, избраниците на тренерот Клековски сепак не можеа да се изборат за победа. Иако на гостински терен кумановци ги победија ракометарите од Богданци, сепак овој натпревар заврши со резултат 32:37 во корист на Младост.

Ова е 15. пораз за РК Куманово од досега одиграните натпревари во лигата, со што се наоѓаат на 10. позиција во табелата.

Најефикасен од составот на Куманово со 8 реализирани погодоци беше Иван Ацевски, а во составот на гостите со исто толку голови најдобар беше Мите Караиванов.

Leave a Reply