ВРМО-ДПМНЕ Куманово: Изразуваме згрозеност од цртањето фашистички обележја на споменикот
On:
Сподели со своите пријатели
„Општинскиот комитетет на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вандалскиот чин со кој беше оскрнавена спомен плочата на Јосип Броз Тито, поставена на Градскиот Плоштад во Куманово.
Народноослободителната борба на македонскиот народ за време на Втората светска војна претставува еден од најзначајните периоди во македонската историја, заради што сите споменици на историски личности заслужни за остварување на вековниот сон за македонска држава треба да бидат чувани и негувани.
Изразуваме згорзеност од цртањето фашистички обележја на споменикот, заради што упатуваме апел до останатите политички партии, невладини организации и граѓаните, одлучно и сложно да се спротиставиме на ваквите појави, при што очекуваме сторителите да бидат проонајдени и казнети“, стои во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово по повод сквернавењето на споменикот во центарот на Куманово.