Екипите на јавните претпријатија од градот, по наложба на Општина Куманово утринава веднаш го исчистија споменикот на Јосип Броз Титот кој вчеравечер беше вандализиран.

Споменикот на некогашниот претседател на СФРЈ, вчеравечер беше вандализиран од непознати сторители при што на него со спреј беше исцртан кукастиот крст, а на плочниците испишани навредливи пораки.


