Кумановските гимназијалци ја посетија Русија

Сподели со своите пријатели

Ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“ и годинава учествуваа во проектот за размена на искуства и знаења со нивните врсници од Гимназијата број 13 од Сантк Петербург, Русија.

Групата ученици и наставници од 5 до 16 мај ја посетија руската федерација и имаа можнсот да го усовршат своето познавање на рускиот јазик, а воедно подобро да ја запознаат руската култура.

Како што истакнува наставникот по руски јазик во кумановската гимназија, Биљана Коцевска, ова е проект кој секогаш предизвикува голем интерес.

– Ова е проект кој што предизвикува огромен интерес, еден од најстарите проекти во нашето училиште, во градот, државата и регионот, ако ви кажам дека соседните земји се јавуваат со молба да ги поврзам со некое училиште од Русија нема да биде скромно бидејќи навистина е така, проектот предизвикува огромен интерес, се залагаме од двете страни, работиме упорно, има продлабочување во проектот, истакна Коцевска.

Иако рускиот јазик е доста сличен со македонскиот, припаѓаат и во иста група јазици, сепак тамошниот систем на образование се разликува од нашиот.

– Во многу нешта се разликуваат, училиштето број 13 е со интензивно изучување на рускиот јазик, се смета за база, меѓутоа таму се запишуваат децаод забавиште и ги проследуваат се до матура. По завршувањето доколку некој сака да положи стручно училиште, полагаат државен испит и се запишуваат, доколку сака да се здобие со граѓанско образование останува до 11 клас, додава Коцевска.

Поголем дел од учениците кои биел дел од проектот, се веќе наградени за своите познавања на рускиот јазик, како на државни, така и на меѓународни натпревари. Велат дека имаат желба да ја запознаат Руската федерација одблизу, па затоа и се одлучиле да ја посетат. Пројавуваат и интерес своето високо образование да го продолжат токму во Санкт Петербург.

– Санкт Петербург е многу убав град, да се престојува во него десет дена е многу малку, затоа јас се пријавив по втор пат да го посетам овој град. Во Русија престојувавме кај ученици од Гимназијата број 13, таму имавме многу интересни работнилници, како на пример, изработување на нивните традиционални матријошки, тоа се убави куклички сор азни бои, имавме многу помош од страна на професорите за нивната изработка, исто така посетивме многу убави места како на пример островот Волан, и тоа беше една убава можност да се плови по едно од најголемите езера во Европа, изјави Мартина Радевска, ученичка во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

– Главна причина за учество во овој проект е изучување на рускиот јазик. Веќе шест години го изучувам овој јазик и имам прочитано многу работи за Русија и Санкт Петербург и добив желба да ги посетам, овој проект ми овозможи и оваа година да одам во Русија, задоволна сум од првичните впечатоци, голема госторпимливост од страна на домаќините и сум воодушевена од местата кои што ги псоетивме. Голем впечаток ми остави зимскиот дворец, и најголем впечаток ми остави островот Волан, вели гимназијалката Јована Јовановска.

Како што истакнува наставничката Биљана Коцевска, интересот на младите да го изучуваат рускиот јазик е во подем, меѓутоа не им се нуди доволно како опција на учениците при избор на втор странски јазик во основно образование.

Leave a Reply