Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски вчеравечер во Куманово учествуваше на отворена средба со граѓани, членови, поддржувачи и симпатизери на СДСМ.

На средбата на која присуствуваа и потпретседателот Оливер Спасовски и организациониот секретар Миле Зечевиќ беше разговарано за спроведувањето на економските мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, за актуелната политичка состојба, како и за идните предизвици на домашен и меѓународен план.
– Како парламентрарно мнозинство и Влада, во оваа неполна година усепавме да реализираме мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, но истовремено го поттикнуваат и економскиот раст. Иако наследивме катастрофална состојба, преку домаќинско работење успеавме да направиме солидна заштеда и тие пари да ги насочиме кон оние на кои им се најпотребни. Убедени сме дека доколку продолжи ова темпо на заштеди, дека веќе од јануари 2019 година ќе се создадат услови за да се воведе бесплатното болничко лекување за сите граѓани, но и социјалната помош да порасне тројно и да изнесува околу 11.500 денари за четиричлено семејство“ истакна Кирацовски.


