Во Уметничката галерија на Локалнa установа Градски музеј Крива Паланка вечерва ќе биде отворена Клупската изложба на фотографии од фото – клуб „Куманово“ – Тумба, со што официјално ќе биде отворено петтото издание на „ најголемиот фотографски фестивал во Европа, Малински фото фестивал“.
Годинашното , јубилејно, издание на фестивалот ќе се одржи во пет града од државата, а ќе бидат претставени над 400 фотографии од 80-тина реномирани домашни и странски фотографи. -Во знак на петте години на одржување на празнувањето на фотографската уметност организаторот Фото клуб „Куманово“ подготви досега најбогата програма, со гостувања на врвни фотографски имиња.
Свеченото отворање е вечерва, во уметничката галерија на Локална установа Градски музеј, Крива Паланка, а покрај Кривопаланчани, во волшепствата и импресиите на фото-објективот на уметници од шест држави ќе уживаат жителите на Куманово, Свети Николе, Кратово и Штип. И годинава ја имаме честа да се дружиме со пријателите-фотографи од Азербејџан, Полска, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, како и бројни учесници од Македонија, информира Викторија Златковиќ од фото-клуб „Куманово“.
Официјалното отворање е вечерва, во 19 часот и 30 часот, а прва изложба на програмата е Клупска изложба – избор фотографии од курсисти на Фото клубот-домаќин и организатор на настанот.


