Најпопуларната социјална мрежа за споделување мултимедијална содржина Инстаграм доживеа голем пад во целиот свет.
На апликацијата не можете да ажурирате објави, ниту пак да гледате кој што објавил, а не функционира ниту веб верзијата.
Засега нема реакција од компанијата „Фејсбук“ во чија сопственост е оваа социјална мрежа, но корисниците на Твитер веќе започнаа да си „тераат сеир“ под хаштагот #InstagramDown.
По десетина минути Инстаграм се врати во живот, но проблеми во функционирањето јавува и Фејсбук.