Градинката „Ангел Шајче“ утре ќе прослави 60-годишен јубилеј

Сподели со своите пријатели

Со настап на над 450 дечиња утре со почеток во 12 часот кумановската градинка „Ангел Шајче“ ќе одбележи 60 години од своето постоење.

Свечената прослава ќе се одржи во Спротска сала Куманово каде се поканети сите родители, но и граѓани кои сакаат заедно да го одбележат шест деценискиот јубилеј на оваа образовна установа.

– На ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово ќе и претставува голема чест и огромно задоволство доколку со своето присуство ја збогатите нашата прослава по повод шест децении постоење, работа и создавање дела за нашата градинка, каде генерации деца се дружат, забавуваат истовремено учат низ игра и растат. Ве покануваме да ја проследите нашата јубилејна програма со настап на 450 деца кои ќе ја испратат пораката дека детството, грижата, љубовта и играта се нераскинливо поврзани, стои во поканата од градинката.

На свеченоста се очекува присуство на голем број гости, кои заедно со граѓаните на Куманово ќе проследат богата културно уметничка програма.

Leave a Reply