Со богата програма Денот на Европа утре ќе се одбележи во Куманово
On:
Сподели со своите пријатели
Со низа настани Денот на Европа, 9. Мај, утре ќе се одбележи во Куманово.
Амбасадори на повеќе земји од Европата Унија заедно со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски ќе го започнат одбележувањето со засадување садници на улицата „Тоде Мендол“ во населбата Диво Насеље.
Од 11 часот средношколците од Куманово во Занаетчискиот дом ќе се натпреваруваат во квиз за Европата унија, по што од 12 часот се очекува на градскиот плоштад да стартува музичка програма и презентација на европските земји преку штандови.
Во 13 часот во кружната сала на поранешен Комитет ќе биде завршниот настан, односно трибина во организација на Општина Куманово и Европското движење во Република Македонија со наслов “70 години од Хашката конференција ( препораки и пораки), каде обраќање ќе имаат градоначалникот Димитриевски и дел од амбасадорите на ЕУ.