Со настап на белградскиот DJ Architect вечерва од 23 часот стартува новата сезона која ќе им понуди добри забави на кумановци. Од менаџерскиот тим ветуваат големи музички имиња од Македонија, но и од целиот регион, а знаејќи какви забави организираа во изминатите сезони без сомневање не очекуваат многу „луди“ викенд агенди.


