Ракометарите на Куманово утре го 22. меч во рамките на Првата машка ракометна лига на Македонија. За противник на домашен терен ќе го имаат составот на Бутел од Скопје.
Натпреварот за кумановци ќе биде екстремно тежок, со оглед дека гостинската екипа е убедлив фаворит, а за тоа зборува и фактот дека досега од почетокот на сезоната имаат само еден пораз, за разлика од Куманово кој има 12.
Натпреварот се игра во Спортска сала Куманово со почеток во 17 часот.