Ликот и делото на Јосип Броз Тито се неуништиви и денеска се заживуваат и се актуелни но и значајни, велат подржувачите на доживотниот претседател на Соцјалистичка Федеративна Република Југославија.

Претставници на здружението на воено полициски ветерани, граѓани подржувачи на ликот и делото на Тито и од партијата Левица на градскиот плоштад во Куманово му одадоа почит на годишнината од неговата смрт
– Под раководството на Јосип Броз Тито Република Македонија ги доби сите државни атрибути и постана самостојна држава, а народот признат како Македонци. Не е добро да се заборават позитивните придобивки на Тито за Македонија. Велат дека Јосип Броз Тито ги материјализирал идеите на идеологот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев што не е точно бидејќи има доказ со фотографија дека токму Тито ја цени македонската револуционерна борба и му одава почит на револуционерот Гоце Делчев , рече Томислав Стојковски претставник на здружение на воено полициски ветерани од активен резервен состав.

– Додека беше Тито жив имавме работа, пари, имавме нормален живот, слободата беше голема можевме и на улица да спиеме , вели Радосава Јаќимовиќ , таа вели дека многу го почитува ликот и делото на Јосип Броз Тито.


