Советниците дадоа зелено светло за градинка во Пионерски дом (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Детелинка“ ќе биде новиот објект на градинката „Ангел Шајче“, а денеска советниците на Општина Куманово едногласно дадоа зелено светло објектот да започне со работа.

 

 

Објектот „Детелинка“ ќе биде сместен во просториите на поранешен Пионерски дом, кој во меѓувреме од август минатата година беше трансформиран во детска установа.

– Во следните десетина дена во Пионерскиот дом ќе биде отворен новиот објект. Советот може да донесе одлука бидејќи објектот ги исполнува условите за вршење на дејност согласно Законот за заштита на деца. Одлуката е нужна и во понеделник ќе биде доставена на потпис кај министерката за труд и социјална политика, изјави Виктор Божиновски, раководител на Сектор социјална заштита.

 

 

Новите простории ќе овозможат сместување на околу осумдесетина дечиња, а воедно ќе има и три детски јазли.

Пренамената траеше скоро една година. Започна во август 2017 година кога министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го назначи отпочнувањето на градежните активности.

 

 

Отворањето на новиот објект е во предвечерието на 60-годишниот јубилеј на градинката „Ангел Шајче“ кој се одбележува на 11 мај годинава.

Leave a Reply