Општината ќе ја реконструира Спортската сала Куманово

Сподели со своите пријатели

Спортска сала Куманово наскоро ќе светне во ново руво. Општина Куманово до Бирото за јавни набавки распиша оглас за Изработка на основен проект на добивање е-дозвола за изработка на техничка документација за реконструкција на овој монументален спортски објект.

Огласот е тежок 2.150.000 денари, а заинтересираните компании понудите можат да ги достават најдоцна до 22 мај.

По бројните критики упатени од страна на спортските работници, но и јавноста, салата со капацитет од 7.000 гледачи изградена во далечната 1980 година наскоро ќе биде реконструирана. Заедно со градските базени, тениските игралишта во близина општината ќе добие вистински спортски комплекс.

Салата од својата изградба сведочи за многу успеси во ракометот, кошарката, ММА спортот, многу концерти и забави. Но, исто така е објект даден под концесија, а во кој со години не е инвестирано ништо, затоа што објектот не е под ингеренции на локалната власт.

 

Loading...

 

Градоначалникот Максим Димитриевски во својата кампања ветуваше враќање на спортските терени назад на граѓаните, па секако ваквата одлука за реконструкција е за големо поздравување.

Leave a Reply