Веб страната на Куманово со модул за полесен пристап до информации за лица со попреченост

Сподели со своите пријатели

Официјалната интернет страница на општина Куманово www. kumanovo.gov.mk од неодмана претрпе измени во дизајнот, со што  лицата со попреченост имаат полесен пристап до информациите од јавен карактер. Активноста се реализира во соработка со Здружението за промоција и развој на инклизивно општество „Инклузива“ од Куманово во рамки на проектот „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“.

Од секторот за односи со јавност, појаснуваат дека е воведен модул кој содржи алатки за зголемување и намалување на фонтот, приспособување на бојата на контрастот и линковите во зависност од потребите на лицата со попреченост, отстранети се анимации кои можат да предизивикаат фотоепилетпични напади.

Проектот, информираа надлежните  од „Инклузива“ се реалзирал во шестте општини од  североистониот регион. По  спроведено  истражување на пристапноста на веб страните на општините било  утврдено дека веб страните се недостапни за лицата со попреченост.

„Информациите кои се прикачени беа во непристапен формат, по што со четири општини склучивме Меморандум за соработка и им беа дадени насоки и менторска поддршка за адптација на веб страните. Ги повикувам и институциите и останатите општини да го следат овој пример и да овозможат полесен пристап до информации од јавен карактер за лицата со попреченост“-изјави, Благица Димитровска од „Инклузива“.

Иницијативата на „Инклузива“ за пристап до информации за лица со попреченост е влезена во актуелниот план на отворено владино партенерство 2016-2018 година. Од оваа иницијатива проилезе и проектот „Пристап до јавни информации за лица со попреченост“.

Leave a Reply