Изложба на акварели од Васко Ташковски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Акварел изложба кумановци ќе имаат можност да видат утре со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Делата се авторство на уметникот Васко Ташковски кој зад себе има богата уметничка кариера.

Ташковски е роден на 31. август 1937 во село Нижополе, Битола. Средно уметничко училиште завршува во Скопје 1958. Дипломира на Академијата за применета уметност во Белград 1964. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртежи и графика. Повремено работи и графички дизајн.

Има реализирано 52 самостојни изложби а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство.  Добитник е на 18 награди и признанија. Снимени се 8 телевизиски филмови за неговото творештво.

Leave a Reply