Изложба „Фемиграции“ – уметност за правата на бегалците

Сподели со своите пријатели

Во Салонот на Уметничката галерија при националната установа Музеј-Куманово, синоќа се отвори изложбата “ Фемиграции “ – уметност за правата на бегалците, во организација на Македонското здружение на млади правници од Скопје и УСАИД.  Изложбата која е составена од 21 ликовно дело и видео-арт презентации, изработени од жени уметнички за жените бегалки, го разоткрива големит наратив на бегалските кризи, за жената бегалка која храбро мигрира на друго место во потрага по услови за подобар живот. Продукцијата нуди еден интересен, ликовно – концептуален аспект, организиран во 21 кутија (објект), кој говори како секоја од авторките различно, на свој начин, го третира феноменот за човековите права, за правата на бегалците, во прв ред правата на жените бегалки.

Loading...

-Во однос на тематиката која што ја проектира а која е трогателна и се однесува на еден проблем кој ние го имаме сме го имале и е присутен на глобалната сцена на светот насекаде. Изложбата содржи 21 автор жени кои твореа за жените бегалки-истакна Драгана Спасовска кустос во Уметничка галерија.

-Обично македонското здружение на млади правници не прави вакви активности но овој проект во кој работиме моментално ни дозволи да можеме да направиме една голема компонента за ширење на јавната свест и јас како одговорна за таа компонента во недостаток од голем број на мигранти во моментов оваа година и минатата половина одлучивме да соработуваме со нашите уметници а особено со жените затоа што јас самата сум сликар и ја разбирам состојбата на културата и уметноста во Македонија-посочи Анита Чаволи, проект координатор.

Изложбата е резултат на колонијата која се одржала во Дојран.  Во Куманово таа ќе биде отворена до 27-ми април, а потоа ќе патува и во други градови низ земјата.

 

 

Loading...

Leave a Reply