СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.М. (32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 02.03.2918 година околу 16.00 часот на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, кај место викано „Споменик костурница“, пријавениот физички го нападнал неговиот брат С.С., при што му нанел тешки телесни повреди во пределот на главата. С.С. бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде по укажаната лекарска помош бил пренесен на клиника за Неврохирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје за понатамошно лекување.