Советникот за внатрешна безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Том Босерт поднесе оставка, соопшти портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
– Претседателот е благодарен на псоветеноста на Том за безбедноста и сигурноста на нашата голема држава. Том ги предводеше напорите на Белата куќа да се заштити нацијата од терористичките закани, да се зајакне нашата сајбер одбрана и да се одговори на посебната серија природни ктастрофи, рекла Сандерс, а пренесува Ројтерс.