ЖРК Куманово претрпе пораз од Пелистер

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово бележат пораз во натпреварот од 22. коло од женската ракометна лига на Македонија, откако на гостински терен беа совладани од составот на ЖРК Пелистер со резултат 25:23.

Натпреварот кој се играше во Спортската сала „Младост“ започна со израмнета игра на двете екипи, со грешки и погодоците и од Пелистер и од Куманово. Сепак и покрај борбеноста на кумановки, нивните противнички ја искористија предноста на домашен терен, па веќе на полувреме имаа предност од еден гол.

Вториот дел од средбата започна со резултат 11:10. Квалитетот на двете екипи и нивната желба да се искачат на повисока позиција во табелата беше очигледна. Фактот дека и во второто полувреме имаа скоро изедначен број на поени зборува за нивната подготвеност за победа. И во оваа полувреме битолчанки реализираа еден поен повеќе, доволно да извојуваат победа за Пелистер со два гола разлика, однсоно конечен резултат 25:23.

Најдобра во составот на ЖРК Куманово беше Тамара Ивановска со 9 реализирани погодоци, додека во составот на ЖРК Пелистер со шест гола најефикасна беше Ангела Јанкуловска.

Следниот меч ракометарките на Куманово го играат на гостински терен против составот на ЖРК Деспина.

Leave a Reply