Општинската организација на Црвен крст на Република Македонија од Куманово заедно со волонтерите од клубот на млади во рамките на ЦКА-ПХВ програмата за 2018 година организираа хуманитарни активности за социјално загрозени семејства од општина Старо Нагоричане.

Акцијата се состоеше од посета и донација на прехрамбени пакети на 10 социјално најранливи семејства во општина Старо Нагоричане. Во рамки на проектот беа планирани и одржани показни вежби по прва помош од екипата по прва помош при ООЦК Куманово во основните училишта во селата Бајловце и Драгоманце. Овој настан пројави голем интерес кај учениците и професорите но и населението од оваа општина, велат волонтерите од ООЦК Куманово.


