Дали кога ќе легнете во кревет ви требаат „сто години“ за да потонете во сон?
Корелацијата помеѓу стресот и недостатокот на сон станува се позабележителна во модерното општество. Само во Америка 60 милиони луѓе се борат со инсомнија.
Зошто стресот толку влијае на нашиот сон?
Стресот се смета за реакција на телото на потенцијално опасни ситуации, без разлика дали се реални или измислени. Иако последиците на стресот варираат од човек до човек, генералните реакции вклучуваат забрзано дишење, затегнатост на мускулите, зголемен крвен притисок и забрзана работа на срцето.
Loading...
Да се борите или да се препуштите? Или да спиете?
Голем број луѓе е можат лесно да заспијат, затоа што најголемата тежина на сипмтомите на стресот се чувствуваат токму ноќе.
Авторот на неколку бестселери, др. Ендрју Веил, кој докторирал на Харвард, голем е заговорник на вежбањето на холистичко дишење во борба против стрес и анксиозност. На својата интернет страница напишал:
„Дишењето многу влијае на процесот и психологијата на мислите што вклучува и расположенија. Ако само се концентрирате на дишењето, а да не правит еништо за да го промените, можете да се насочите кон опуштање.“
Последиците од стресот брзо и плиткото дишење и затоа луѓето под стрес имаат навика да земаат помалку воздух и доста потсвесно го држат здивот.
Вежба „4-7-8“
Се работи за необична едноставна вежба на техники на дишење. Не одзема премногу време, а се состои само од неколку чекори.
1. Ставете го врвот на ткивото точно над горните предни заби и држете го таму за време на вежбата.
2. Издишете до крај преку уста.
3. Затворете ги устата и полека вдишете преку нос и бројте до четири

Loading...
4. Држете го здивот и бројте до седум.
5. Издишете до крај преку уста и притоа бројте до осум.
6. Повторете го овој циклус уште три пати.
броењето до четири при вдишувањето им помага на оние кои хронично дишат преслабо да земаат повеќе кислород. Држењето на воздухот до седум дава повеќе време кислородот да мине низ крвотокот, а издишувањето до осум ја успорува работата на срцето и испушта голема количина на јаглерод диоксид од белите дробови.