Ригорозна нулта толеранција за несовесно паркирање во Куманово по Велигден (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ригорозна нулта толеранција за несовесните возачи започнува по велигденските празници, најави денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски по вчерашната средба со претставниците од СВР Куманово и Територијалната противпожарна единица.

Како што посочи Димитриевски веќе е во фаза изработка на проектна документација за изградба на катни гаражи. На првиот повик немало заинтересирани понудувачи, па локалната самоуправа ја повторува постапката.

– Ние не можеме како општина да чекаме да изградиме катни гаражи и на некој начин да толерираме несовесни учесници во сообраќајот и несовесните возачи и затоа направивме договор првично и превентивно да спроведеме акција помеѓу општината, Министерството за внатрешни работи и невладени организации во делот на покривање на правата на лицата со попреченост и ученици од основно и средно образование, каде што првично ќе им укажеме на несовесните возачи дека не треба да се паркираат на тротоарите и да ги ослобдат за да можат да се движат пешаците, а подоцна ќе делуваме заедно во координација со МВР и репресивно, изјави Димитриевски.

Loading...

Во меѓувреме општината набави уште едно пајак возило со кое ќе се ловат несовесните возачи. Пајак возилото е позајмено од Град Скопје и непрописните возила, а пред се на тротоарите ќе ги отстранува.

– Овде апелирам до граѓаните да имаат разбирање за тоа и апелирам сите оние кои што го прават тоа, кои се однесуваат несовесно да престанат да го прават, бидејќи Општина Куманово по празниците ќе има нулта толеранција за тоа низ сите делови на градот, а притоа ќе се даде приоритет низ централно градско подрачје, булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“, како и улиците „Народна револуција“, „Гоце Делчев“ и „11 Октомври“ како најфрекфентни сообраќајници во градот, додаде Димитриевски.

Според Димитриевски, ваквите прекршувања на законот граѓаните можат да ги пријавуваат во полицијата на бројо 192, се со цел граѓаните да сфатат дека не треба да се узурпираат тротоарите.

Leave a Reply