Кошаркарите на Куманово утре со почеток во 19 часот во Спортската сала во Куманово го играат натпреварот од второто коло од Суперлигата во домашниот шампионат, против составот на АВ Охрид.
Кумановци веќе имаат извојувано победа во регуларниот дел од сезоната против составот на Охрид, меѓутоа за утрешниот натпревар се очекува вистинска битка со оглед дека и двете екипи атакуваат на победа.
За прв пат на домашен терен се очекува да настапи и најновото засилување на Куманово, Дејан Србиновски кој од Младинската репрезентација доаѓа како замена за Димитар Караџовски на плејмејкерската позиција.