Почина Вини Мандела

Сподели со своите пријатели

Активистката против апартхејдот и поранешната сопруга на првиот црн претседател на Јужна Африка, Нелсон Мендела, Вини Мандела, почина во 81. година од животот, соопштуваат нејзините соработници.

Вини Мадикизела Мандела и Нелсон Мандела заедно биле симбол за бробрата против апартхејдот скоро цели три децении.

 

Loading...

 

Последните години, нејзината репутација е доведена во прашање, пишува РСЕ.

Портпаролот на семејството, Виктор Дламини изјавил дека Вини „починала по тешко боледување, поради кое од почетокот на годината често била на болничко лекување“. Додал дека починала мирно, опкружена со семејството и пријателите.

Вини Мандела е родена во 1936. година во источен Кејпу, тогаш познат како Транскеи. Во брак минале 38 години, иако скоро три децении од тоа време биле раздвоени додека Мандела бил во затвор. Иако се разишле, а во 1996. година и формално развеле, Вини го задржала неговото презиме.

Leave a Reply