Кога користењето на кондом е лоша идеја? Кога се обидувате да го „шмркате“ во носот и да го извлечете од уста. Ако се прашувате кој тоа го прави, очигледно не сте слушнале за предизвикот „шмкрање кондоми“.
Нов интернет предизвик меѓу тинејџерите – се дрогираат онлајн (видео)
Loading...
Процедурата подразбира земање кондом (нов, искористен.. фуј), неговото вовлекување преку носната празнина и потоа се обидувате да го извлечете преку грлото, додека истовремето го снимате целиот настан за да можете потоа да го објавите на Јутјуб.
РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ: Опасен тренд се шири помеѓу тинејџерите на интернет (видео)
Овој предизвик всушност не е нов. Постои веќе неколку години, но повторно станува популарен.
Уште во 2007. година е објавена снимка на интернет со таква содржина, а предизвикот добил поголемо внимание кога во 2013. година корисничка на оваа платформа Савана Стронг покажала како тоа се прави со музиката на Тејлор Свифт.
Сега на интернет повторно се најде пост на кој се рекреира овој потенцијално смртоносен „предизвик“.
Предизвикот „22 склека“ го обзеде светот (видео)
Што би можело да тргне на лоши доколку се обидете да вдишете објект поголем од носната празнина, направен од латекс за да не пука и премачкат су лубрикант и спермициди?
Како прво, единствена работа освен воздухот која треба да минува низ носот се назалните спрееви и тоа ако ви ги препишал лекарот. Се друго може да ја оштети чувствителната слузокожа на вашиот нос, да предизвика алергиска реакција, инфекција или гушење, затоа што кондомот многу лесно може да се заглави или во носот или во грлото.
Користето го кондомот за она што навистина му е намената.