Страстна (Страдална, Велика) седмица — последната недела од Христовиот живот. За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем (велик) и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни богослужби.
Во Страстниот Понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа.
Вторник е посветен на темата за мудрите девојки, кои за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање.
Во Среда вниманието е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство за Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другот, пак, за пари Го продава со целив.


