Фејсбук неодамна се најде на нов удар критики откако корисниците помеѓу своите податоци откриле снимки кои ги снимиле на Фејсбук, но никогаш не ги објавиле.
ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: Што знаат Гугл и Фејсбук за секого од нас?
По објавувањето на веста за кражба на лични податоци на најмалку 50 милиони корисници, во изминатите десетина дена многумина се приклучија на кампањата #deleteFacebook во рамките на која ги бришат своите профили и ја преземаат целата архива од свои податоци од социјалната мрежа, вклучувајќи статуси, пребарувања, фотографии и снимки.
Сестрата на новинарот на „Њујорк магазин“ одлучила да ги преземе сите податоци, меѓу кои нашла и неколку снимки на кои може да се види како вежба свирење.
ЕУ започнува истрага против Фејсбук
За снимање ја користела камерата во рамките на апликацијата на Фејсбук, а компанијата ги сочувала сите обиди кои таа не ги објавила.
Фејсбук загуби 37 милијарди долари, Зукерберг четири