ОДБРОЈУВАЊЕТО ЗАПОЧНА: Каде ќе падне расипаната кинеска вселенска станица?

Сподели со своите пријатели

Кинескиот сателит „Тијангонг 1“ кој поради дефект, неконтролирано паѓа кон Земјата, би можел веќе во наредните часови да влезе во атмосферата на нашата планета, иако е мала веројатноста дека некој негов дел ќе падне на тлото.

Се очекува кинеската вселенска лабораторија да се распадне при влегувањето во атмосферата и да изгори од триењето, па научницит епроценуваат дека нејзините делови претставуваат само незначителен ризик врз населението на Земјата.

„Тијангонг 1“, долг 10,4 метри и тежок 8,5 тони, лансиран е во 2011 година, како експериментална платформа за поголеми проекти во рамките на амбициозниот план на Пекинг до 2023. година да има постојана вселенска станица во орбитата на Земјата.

Европската вселенска агенција проценува дека падот ќе се случи денеска по средноевропско време, пренесува АП.

 

Loading...

 

Калифорниската корпорација „Ероспејс“ предвидува дека кинескиот сателит ќе падне на Земјата во период помеѓу 2:18 и 4:18 по полноќ, во истата временска зона.

И натаму е неизвесно каде би можел да се случи падот, бидејќи местото на евентуалниот пад покрива поголем дел од планетата Земја – помеѓу 43 степени северна и 43 степени јужна географска широчина и вклучува поголем дел од САД, Кина, Африка, Јужна Европа, Австралија и Јужна Америка.

На северната полутопка, сигурно се потешдени жителите на северниот дел од Европа, Русија и Канада.

АП наведува дека се очекува само 10 отсто од кинескиот сателит да преживеат преку атмосферата, обично потешките делови.

Веројатноста некој да страда е проценета на еден во илјада милијарди.

Leave a Reply