Ракометарките на Куманово денеска со почеток во 17 часот на гостински терен ќе ги одмерат силите со ЖРК Овче Поле од Свети Николе во рамките на 21. коло од Женската суперлига.
Кумановки влегуваат како фаворити во мечот и се очекува да ја впишат својата 13 победа сезонава, а со тоа повторно да се најдат на третото место каде моментално се наоѓа Пелистер.
Во изминатото коло, ЖРК Куманово извојува убедлива победа против составот на ЖРК Гевгелија.