Џасмин (26) студентка од Лондон, си ја продаде невиноста на сајтот на контроверзната германска фирма „Синдерела ескортс“ за 1,2 милиони евра. Купувачот е холивудски актер, кој дал најголема понуда.

Ноќта со неа ја купила холивудска ѕвезда од Лос Анџелес, а тој на лицијатација го победил и бизнисменот и Минхен и фудбалерот на Манчестер јунајтед. Секако, имињата не се споменуваат никаде.

„Трансакцијата“ ќе биде направена во април во еден хотел во Германија, каде ваквиот „бизнис“ е легален, а Џасмин вели дека излегувала на вечера со сите од „водечката тројка“ заинтересирани за нејзината невиност.

– Родителите ме поддржуваат од почетокот. Сите знаат за тоа. Имам 26 години, возрасна сум доволно за да сама одлучувам за своето тело. Го запознав актерот, отсекогаш бев негов фан и повеќе бев нервозна што го запознавам својот идол, отколку што ќе ја изгубам невиноста, раскажала Џасмин за Дејли мејл.


