Рускиот милијардер Денис Штангелов (46), сопственикот на трговскиот центар „Зимнаја вишна“ во сибирскиот град Кемерово, главен е виновник за избувнување на незапамтениот пожар во тој објект кон почетокот на неделава и за страшната смрт на 64 лица, вклучувајќи и жи оти на 41 дете.
Не само што тајкунот не вложил во безбедноста на шопинг центарот во кој не постоеле адекватни излези во случај на опасност, како ниту противпожарен аларм, туку одбил од Австралија да се врати во Руската Федерација и да сноси одговорност за трагедијата.
На сето тоа руските медиуми објавија како тој и членови на неговото семејство уживаат во раскошен живот, со многубројни фотографии од приватни авиони, луксузни патувања и забави со многу алкохол.
Првиот капитал Штегелов го стекнал пред кризата во деведесетите, а Форбс неговата компанија „КВД Групс“ ја смести меѓу 100 најмноќни приватни фирми во Русија.
Иако првин имало наводи дека тој го преселил семејството во Австралија, па дека самиот останал во роден Томск, сега се верува дека и тој заминал во потоплите краишта на светот.