Репрезентативецот Димитар Караџовски го напушта ростерот на Кошаркарскиот клуб Куманово, пишуваат спортските портали.
Loading...
Според пишувањата на екипа.мк Караџовски утре го игра последниот натпревар во дресот на Куманово, по што својот ангажман ќе го продолжи во Работнички. Наводно македонскиот репрезентативец и моментално најдобриот во ростерот на тренерот Александар Петровиќ, веќе ги договорил сите детали со тимот од Центар и се очекува таму да игра со почетокот на плеј оф завршницата од сезоната.
Сезонава Караџовски во 20 одиграни натпревари за Куманово бележи реализација од 14,4 поени, 5,6 асистенции и 3,8 скока.