Маслиновото масло е прекрасен и корисен производ кој му дава на нашето тело огромни придобивки.
Ладно цеденото маслиново масло е полно со антиоксиданси, кои се борат со стареењето на организмот и туморските измени во него.
Овој прекрасен зачин за свежите салати е нешто многу повеќе од тоа! Можете да го користите маслиновото масло на многу различни и нестандардни начини. Еве какви:
Бричење
Маслиновото масло обезбедува непречено бричење, слично на сапунот, пената или гелот за бричење. Разликатаta е во тоа дека маслиновото масло ja хидрира и потхранува кожата во длабочина. Нешто што многу производи не го прават. Дури токму спротивното – ја сушат кожата и ја прават ранлива.
Полирање на челик
Челичните предмети можат да бидат полирани прекрасно со помош на маслиново масло. Во повеќето препарати за полирањеима амонијак. Тој може да го потемни металот или да предизвика корозија, дури и на нерѓосувачки челик. Маслиновото масло е многу безбедно и ефикасно. Дури и остава неверојатен сјај!