На Земјата денеска има скоро осум милијарди жители, а тоа е двојно повеќе од пред 50 години. Поради тоа мораме да водиме сметка како ги трошиме ресурсите, доколку сакаме да ја зачуваме планетата за идните генерации.
Кога зборуваме за градовите, мора да бидеме свесни дека тие се дел од систем кој го имаме измислено за да се одржува животот на Земјата. Од појавата на земјоделството, пред околу 10.000 години, луѓето сакаат да живеат во градовите.

Земјоделството на градовите им овозможи да се одржат и да бидат денес тоа што се, така што им има обезбедено доволно храна за населението. без неа градовите не би можеле да се одржат, како без водотеците кои им обезбедуваат вода, а тоа е само еден од аспектите на системот.
Денеска на нашата планета живеат скоро осум милијарди луѓе. Со таков број на население, но и услови во какви што живееме, можеме слободно да кажеме дека нашата планета се наоѓа во своевиден експеримент, затоа што никој од нас не може со сигурност да знае дали и колку Земјата може да се бори со нас, односно со начинот на кој ги користиме нејзините ресурси.

Тенденцијата на луѓето да се преселат во градовите, било од желбата или нужноста, создава одлична можност. Наскоро добро би управувале со урбанизацијата, би можеле цивилзиацијата да ја отрстраниме од значителен процент од површината на Земјата, а тоа добро се одразува на луѓето како нас, така и на многу загрозени видови со кои ја делиме планетата.
Познатиот план на Едвард О. Вилсон кој е наречен „половина Земја“, како и неговата книга со истиот наслов, зборува повеќе за тоа.
Иако на прв поглед изгледа дека неговиот предлог е екстремен, можеби и не е баш се црн0-бело. Луѓето и онака повеќе се концентрираат во градовите, па концептот „половина Земја“ може да помогне полесно да се ориентираме на тој процес.
Концептот кој го нуди овој план е следен: за да ја сочуваме планетата за идните генерации, потребно е половина од Земјата да ја исчистиме од луѓето, односно сите луѓе да ги сконцентрираме на една половина за да дивите растенија и животни можат непречено да живеат, како што бил случајот пред луѓето да ја преземат контролата над природата. исто би требало да се пристапи и со океаните, од кои инаку доаѓа третина од нашата храна.


