Амбасадата на САД во Приштина упати честитки до Косово за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, истакнуваат од амбасадата.
– Честити до народот на Косово за ратификацијата на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Ратифиакцијата е важен успех кој го потврдува местото на Косово во Европа. Секој рпатеник во собранието кој гласаше за овој договор може да биде горд што знае дека направил вистинска и храбра работа за доброто на нашата земја. Собранието и Владата на Косово сега мораат да се посветат на другите приротетни точки од дневниот ред кој ќе го помери Косово напред по прашањето за владеење на правото, економскиот развој и евроатлантските аспирации. Амбасадата на САД ќе продолжи да ги поддржува напорите на косовските граѓани за постинување на целосна интеграција во европското семејство на нациите, се наведува во соопштението на Амбасадата.