Поранешниот лидер на Франција приведен е во париз затоа што од либискиот лидер во 2007. година добил огромни пари за својата претседателска кампања, а два дена подоцна покренато е обвинение и судска истрага.
Поранешниот француски претседател Никола Саркози приведен е во Париз под сомнение дека зел 50 милиони евра од покојниот либиски лидер Муамер ел Гадафи за да ја финансира својата претседателска кампања во 2007 година. Саркози, досега ги негира обвинувањата.
Сепак по два дена во притвор, поранешниот претседател на Франција во среда на 21. март обвинет е за корупција, нелегално финансирање на изборна кампања и криење пари од либиската држава, пишува францускиот „Монд“.
Францускиот политичар кој бил претседател од 2007 до 2012 година, приведен е само ден по враќањето од Дубаи, каде присуствувал на доделување на наградите за најдобри светски учители.
Одведен е во полициската станица Нантер, во северозападното предградие на Париз.
– Ова е прв пат Саркози да го испрашуваат во врска со обвиненијата дека Гадафи илегално ја финансирал неговата кампања во 2007. година. Досега на повиците да дојде на сослушување не се отповика, се наведува во француските медиуми.
Тие нагалсуваат дека Саркози е приведен дури шест години откако се појавиле првите докази за обвинувањата дека зел пари од Гадафи. Во мај 2012. година сајтот „МЕдиапарт“ објави либиски документ во кој се споменува дека Гадафи ја финансирал кампањата на францускиот претседател. Тогаш Саркози тврдел дека документот е фалсификат, меѓутоа, на судот подоцна се испоставил како автентичен.
Така истрагата за овој случај започнува во април 2013. година, а покрај Саркози опфаќа цела низ негови блиски соработници и некогашни министри.
Надлежните се обидуваат да докажат обвинувања за корупција, трговија со влијание, фалсификување, употреба на државни пари и перење пари. Досега се собрани стотици документи, изјави на сведоци и пишани докази за тоа дека Саркози илегално примал донации од Гадафи, кои надминувале износ од 21 милион евра, колку во 2007. година биле пропишани како максимум за трошоците за претседателската кампања. Исто така, се обвинува за трговија со влијание, земање пари од странски државници, како и за фалсификување на финансиските извештаи за трошоците на кампањата.
Пресврт во истрагата се случил во 2016. година, откако Зијад Такједин, богат францско-либански бизнисмен кој бил близок до режимот на гадафи, открил дека лично носел кофери кеш од Либија за Франција. Тој навел дека во периодот од 2006. до 2007. година парите ги давал на Саркози, тогашен министер за внатрешнир аботи на Франција и неговиот шеф на кабинетот Клод Геан.
– Три пати патував од Триполи за Париз, а секогаш носев по 1,5 до два милиони евра во банкноти од 200 и 500 евра. Тие пари ми ги даваше шефот на воено-разузнавачката служба на Гадафи, Абдулах ел Сенуси, рекол Такједин.
Уште еден од клучните луѓе во случајот е Алексадр Џури, француско-алжирски бизнисмен, кој исто така бил близок до режимот на Гадафи. Со пребарување во неговиот дом во 2015. година пронајдени биле значителни документи кои укажуваат на тоа дека и тој носел либиски пари до Саркози.
Џури, според францускиот налог, приведен е во јануари годинава во Британија, а судот во Лондон го пуштил на слобода со кауција. Тој, меѓутоа, повторно бил приведен во февруари откако Франција издала втор налог за негово приведување. Сега се чека екстрадиција за сослушување во Париз, кое е закажано за овој месец.