Американскиот претседател Доналд Трамп се правдаше за одлуката да му честита на претседателот на Русија, Владимир Путин за победата на изборите, со коментар дека тоа го направил и неговиот претходник Барак Обама во 2012. година.
– Разбирањето со Русија и другите е добра работа, а не лоша работа, напишал Трамп на својот Твитер профил.
I called President Putin of Russia to congratulate him on his election victory (in past, Obama called him also). The Fake News Media is crazed because they wanted me to excoriate him. They are wrong! Getting along with Russia (and others) is a good thing, not a bad thing…….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) March 21, 2018
Loading...
Твитот на Трамп следува откако американските медиуми пренесоа дека претседателот на САД е гневен затоа што во јавноста протекла информацијата дека советниците го предупредувале дека не треба да му честита на Путин, пренесува АП.
Трамп наведува дека Русија може да „помогне да се решат проблемите“ со Северна Кореја, Сирија, Украина, Исламската држава, Иран, а дури и кога во прашање е „претстојната“ трка за вооружување.
Според неговите зборови, поранешниот претседател Џорџ В. Буш се обидел да се договори, но немал вештини за работа со Путин.
Се обиделе и Обама и пораншената државна секретарка Хилари Клинтон, но немале енергија ниту хемија со рускиот лидер, заклучил Трамп.