Претседателот на Собранието на Каталонија Рожер Торент соопштил вечерва дека парламентот утре ќе гласа за избор на нов претседател на таа шпанска покраина.
Единствен кандидат за наследник на Карлос Пуџдемон е поранешниот министер во регионалната влада Џорди Турул, кој веќе во петок би можел и официјално да биде обвинет за побуна, пренесува АП.
По денешните консултации со шефовите на пратеничките групи во парламентот, торент соопштил дека Тарул има мнозинска поддршка.
Турул е трет кандидат за претседател на Каталонија. Претходно пропаднал обидот на таа функција повторно да се избере Пуџдемон кој се наоѓа во егзил во белгија, а денес својата кандидатура ја повлекол и Џорди Санчез, кој и натаму е во притвор и со судска одлука му е забрането до завршување на постапката да се занимава со политика.
Судијата на Врховниот суд на Шпанија Пабло Ларена денеска соопшти дека е завршена истрагата за минатогодишниот незаконски обид да се прогалси независноста на Каталонија и за петок наутро најави обвинение, па е можно Турул ден по изборот за претседател да добие забрана за секаква политичка дејност.