САД: Ученик ранил две лица, па го ликвидирала полицијата

Сподели со своите пријатели

Еден ученик пукал во средно училиште во градот Анаполис во американската сојузна држава Мериленд ит ешко ранил двајца други ученици.

Потоа, ученикот кој пукал бил убиен во размена на оган со припадниците на обезбедувањето на училишниот кампус, изјави шерифот на округот.

Утринава ученикот, кој не е идентификуван, пукал во друг ученик и една ученичка во средно училиште во Грејт Милс, во округот Сент Мери, поради што интервенирал припадник на обезбедувањето, рекол шерифот Тимоти Камерон на прес конференцијата, пренесува Ројтерс.

– Нашиот училишен полицеаец, кој бил стациониран тука, интернвенирал и почнала меѓусебна престрелка. Тој го гонел напаѓачот, го фатил и пукал во него, а истовремето и напаѓачот пукал во него, но полицаецот не е повреден, рекол шерифот.

Ученикот кој бил ранет има 14 години, сега е во стабилан состојба во локалната болница, каок и 16-годишната ученичка, коај исто така се здобила со тешки поведи.

Откако првобитно била објавена веста за пукањето, до прес конференцијата на шерифот ништо повеќе за случајот не било познато, освен дека во истрагата се вмешани истражувачи од Сојузното биро за алкохол, тутун, вооружување и експлозив.

Еден од учениците напишал дека бил во училница кога започнало пукањето, како и дека никогаш во животот учениците не биле толку исплашени, пренесува CBS.

Како се наведува, училитшето има 1.600 ученици, а се наоѓа на 70 километри од Вашингтон.

До инцидентот дошло по малку пвоеќе од месец дена од пукањето во средно училиште во Флорида, во кое се убиени 17 ученици, потсетува Ројтерс.

Станува збор за низа погубни престрелки во американските училишта и универзитети, додава британската агенција.

Leave a Reply