Повеќе села во Старо Нагоричане без струја

Сподели со своите пријатели

Поголем број села во Општина Старо Нагоричане се без струја, информираат од Регионалниот центар за урпавување со кризи.

Станува збор за: Жеглане, Малотино, Степанце, Кокино, Арбанашко, Деловце, Глабочица и Рамно.

Како причина за прекин во електричното напојување се наведува дефект во дистрибутивната мрежа, на чие отстранување работат екипите на ЕВН Македонија.

Leave a Reply