Оваа билка сигурно сте ја виделе на полињата–расте како коров, а вниманието го привлекува со светло сина боја на цветот. Многумина денес не знаат дека не така одамна токму од цикорија се правеше вкусно бело кафе.
Цикоријата е многу здрава билка која со векови се користи како природен лек.
Ги ублажува проблемите со дигестивниот тракт, дури ја намалува и жиговината (киселините од желудникот), затоа што содржи инулин јак пробиотик.
Исто така, го намалува лошиот холестерол во крвта, па со тоа го намалува и ризикот од срцеви болести.