Мејлови со предупредување за експлозивни направи примиле повеќе од 400 училишта во Англија, а полицијата верува дека заканите пристигнале од САД.
Полицијата во Хамбарсајд на северот на Англија, соопштила дека училишта и факултети ширум земјата, вклучувајќи 19 во регионот на тој град, примиле мејлови во кои се тврди дека експлозивна направа е поставена во зградата и бараат пари за да таа не се активира, пренесува британски Гардијан.
– Разговаравме со сите училишта кои не контактираа и ги уверивме дека нема потреба од евкауации и понудивме совети од областа на ебзбедноста, навела полицијата.
Полицијата во Нортамбри соопштила дека во повеќе од 35 училишта во тој регион примиле заканувачки пораки преку мејлови во кои се бараат пари за деактивирање ан бомбите.
Како рекол портпаролот на полицијата, детективите установија дека нема видливи закани и дека училиштата не треба да се евакуираат.
Полицијата во текот на денот ги посетила сите училишта за да се уверат дека учениците и наставниците се добро.
И во Лондон биле евакуирани неколку училишта, а лондонската полиција инцидентот го опишала како „злонамерна комуникација“.