Поразувачката сила на депресијата е позната на речиси секој од нас, но има светлина во тунелот – излегува дека еден час спортски вежби неделно е доволно значително да се намали веројатноста дека ќе не соборат депресивни состојби и да ни помогнат да се ослободиме што побрзо од нив, без оглед на полот и возраста, објави американскиот весник за психијатрија.
„Ние знаеме дека спортувањето игра улога во борбата против депресијата, но сега за прв пат успеавме да оцениме колку точно му помага на човек да се ослободи од развојот на депресивно расположение“, вели Самуел Харви од Универзитетот на Нов Јужен Велс во Сиднеј (Австралија).
Харви и неговите колеги ги анализирале резултатите од големото набљудување на здравјето на 30 илјади возрасни Норвежани во една од провинциите во средината на 80-тите и 90-тите години на минатиот век.