Со проекција на филмот „Суфражетки“ вечерва во Занаетчискиот дом, продолжи Неделата на жената, односно низата настани кои ги организира Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз од Куманово, а по повод Меѓународниот ден на дамите, 8ми март.
Симпатизерките на СДСМ, но и припаднички на граѓанскиот и невладин сектор вечерва имаа можност да го погледнат филмот од англо-саксонското говорно подрачје, чија тематика е поврзана со борбата на жените за своите права.
– Вечерва е вториот настан од нашето одбележување, проекција на филмот „Суфражетки“, филм од англиското говорно подрачје кој се бави со тематика на раните феминистички движења и всушност е посветен на првите случаи на борба на жените за работнички права и правото на глас во Англија, а понатаму во Европа и пошироко во светот, изјави Атина Мургашанска, претседател на Форумот на жени на СДСМ Куманово.

Мургашанска изрази задоволство од машрот по повод 8ми март кој во недела се одржа во Куманово и со кој започна Неделата на жената, а на кој присуствуваа илјадници жени од сите краеви на Македонија.
– Со своето присуство и со маршот испративме порака дека сите заедно можеме со љубов за Македонија многу да направиме, а и од инспиративните говори на нашата координаторка Цветанка ласкова, на премиерот Заев, а и на другите учесници во обраќањата, испративме порака дека Социјалдемократскиот сојуз е цврсто позициониран во своите определби за родова еднкавост и еднакви можности на мажите и жените во општеството, вели Мургашанска.

Неделата на жената во организација на Форумот на жени на СДСМ Куманово продолжува и во наредните денови со трибина, но и положување свежо цвеќе пред бистата на Жената борец во центарот на градот.
– Утре со почеток во 19 часот во кружната сала во поранешниот Комитет ќе организираме трибина на тема ратификација на Истанбулската конвенција и заштитата од сите видови на насилство од жените и девојчињата, а на самиот ден на жената, на 8ми март ќе положиме свежо цвеќе пред споменикот на Жената борец во центарот на Куманово, додава Мургашанска.


